Македонија

ОЈО за „Рекет“ вршела заплена и во Охрид, како вториот телефон на Јанева бил загубен во Белград?

Во синоќешната акција во Охрид по налог на Освнотото јавно обвинителство бил запленет глисер кој бил во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец.

Од ОЈО ја потврдија заплената.

„По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до овој момент е запаленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“ – велат од ОЈО.

И по шест дена од истрагата сè уште нема дополнителни информации за Катица Јанева која вчера беше официјално потврдена дека таа е јавниот обвинител кој е дел од случајот „Рекет“.

Денеска од опозициската партија уште еднаш обвинија дека функционери од СДСМ се дел од „Рекет“, но се под заштита како што велат на премиерот Заев.

„Засега СДСМ и Заев по цена на штета сите граѓани ги кријат и се обидуваат да ги заташкаат раководните луѓе од врвот на СДСМ, што рекетирале преку СЈО или т.н Кики и Фрики кои се уште им го кријат иднтитетот“, рече Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Единствен нов детаљ од истрага е тоа што на снимките кои ги поседува ОЈО можело да се види и слушне дека специјалната обвинителка Катица Јанева била на спикерфон додека Боки 13 барал рекет.

И покрај ваквите снимки Катица Јанева не е упасена , истражителите сметаат дека нема доволно докази за директна поврзаност со рекетот кој го правеле Боки и Зоран Милевски – Кичеец.

Денеска Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека МВР во овој момент нема обврска да знае каде е Катица Јанева

„МВР нема обврска да знае за граѓаните на Македонија каде се наоѓаат во било кој момент. Ако тргнеме од тој принцип дека МВР треба да знае каде секој се наоѓа во одреден момент тогаш тоа не е демократска држава. МВР постапува исклучиво по наредби кои ги издаваат надлежниот обвинител и судот.“, изјави министерот Спасовски.

Останува нејасно, каде е вториот мобилен телефон на Катица, за кој нејзинот син Лазар Јанев рекол дека го изгубил во Белград.

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против двете лица, кои ги товарат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј. го товарат и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. И на двајцата осомничени, судот им одреди мерка притвор.

Јовановски е прв човек на „1ТВ“ на која во моментов и е блокирана сметката од страна на УЈП.

РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни