Свет

Гори најголемото складиште за нафта на Крим! Прогласена вонредна состојба, познат виновникот?!

Гори најголемото складиште за нафта на Крим! Прогласена вонредна состојба, познат виновникот?!

Во Феодосија на југоисточниот дел на Крим е прогласена вонредна состојба поради пожар што избувна во складиште за нафта, соопшти денеска градската управа на каналот Телеграм, нагласувајќи дека пожарот го предизвикале „човечки раце“.

На местото на настанот се испратени спасувачи, но нема повредени, соопшти локалната самоуправа, пренесува РИА Новости.

„Според информациите од Одделот за цивилна одбрана и вонредни состојби при градската управа на Феодосија, воведена е вонредна состојба предизвикана од човечки фактор“, се наведува во соопштението.

Од друга страна, Украина тврди дека на тој простор бил извршен напад со украински беспилотни летала.

„Киев индепендент“ јавува дека жителите слушнале неколку силни експлозии околу 4 часот и 30 минути по локално време, непосредно пред да започне пожарот.

Се додава дека каналот Wind Telegram од Крим пишува дека воздушните писти во Белбек и Саки биле нападнати во текот на ноќта.

Терминалот во Феодосија е најголемиот на Крим за ракување со нафтени деривати, а има само уште еден терминал од овој тип во Севастопол.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни