4NEWS.mk

200 казни во Скопје: Брзо возење на возила, прекршоци на мотоциклисти

На 21.07.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила. Во периодот од 20.00 до 24.00 часот, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци.

Во периодот од 06.00 до 24.00 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 68 останати прекршоци.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни