Свет

ВИДЕО: Некој во Флорида врзал куче за ограда на автопат – свесно го оставил пред да удри ураганот!

ВИДЕО: Некој во Флорида врзал куче за ограда на автопат – свесно го оставил пред да удри ураганот!

Полициските службеници спасија куче врзано за ограда во Тампа на автопатот И-15 во Флорида.

„Ве молиме, не правете им го ова на вашите миленици“, објави полицијата заедно со видеото од спасувањето на кучето.

Областа на заливот Тампа се соочува со можност за значително уништување кога ураганот Милтон ќе падне на копно околу 7 часот наутро по средноевропско време.

Градоначалничката на Тампа Џејн Кастор рече дека се очекува нивото на морето да се зголеми за околу 5 стапки, доволно за целосно покривање на еднокатни домови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни