„Референдумското прашање беше дали сте за членство, а не за почеток на преговорите, а ние ниту почнавме преговори, ниту сме членка“.
Вака рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Според неа, треба да се почитуваме, ама да не бидеме вообразени, самобендисани и невоспитани.
„Треба да го почитуваме другиот па дури и кога ќе греши да му укажувате на пристоен начин зошто – за да барате од сите да се однесуваат кон вас како оние во ЕУ кон останатите“, додаде Сиљановска Давкова.