Македонија

Мицкоски: Заслужуваме да ги почнеме процесите безусловно!

Мицкоски: Заслужуваме да ги почнеме процесите безусловно!

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави видео во кое беше гостин во дневникот на МРТ каде вели: „пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач“.

„Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите.

Многу јасно ги презентирав приоритетите на Владата, во делот на економијата, но и на енергетскита, патната и железничката инфраструктура.

Во делот на евроинтегративните процеси го презентирав ставот на Владата, заслужуваме да ги почнеме процесите безусловно и да ги покажеме нашите капацитети.

Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава, а истовремено ќе работиме со нашите партнери“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни