Свет

ГО БAРA ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА! Откриен е при рутинска проверка, со себе имал АЛАТ ЗА ПИРСИНГ И НАКИТ

ГО БAРA ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА! Откриен е при рутинска проверка, со себе имал АЛАТ ЗА ПИРСИНГ И НАКИТ

Српски државјанин (52) е уапсен во Австрија, кога кај него полицијата пронашла лажни хрватски документи, осум украдени накити и алат за пирсинг, а било утврдено и дека се бара меѓународно за кражба!

Според локалните медиуми, Србинот бил уапсен во саботата кога полицијата во Лаваминд, Австрија, запрела возило со босански регистарски таблички.

– Возачот на автомобилот бил Србин, како и сопатникот. На задното седиште седеше уште еден маж кој достави хрватски лични документи. По проверката, полицијата утврдила дека има лажна лична карта и возачка дозвола – пишува порталот Асутриски.

По претресот на неговата чанта, полицијата пронашла разни алатки за кражба, осум скапоцени камења и наркотични таблети.

– Бидејќи овој човек очигледно се обидел да го скрие својот вистински идентитет и не сакал да го открие потеклото на скапоцените камења, привремено е уапсен. Во текот на истрагата е утврден неговиот идентитет, но и дека е на меѓународна потерница – објаснил изворот на локалниот портал.

Имено, утврдено е дека мажот е Србин и дека има 52 години, како и дека Германија го бара поради кражба.

– Според досегашните сознанија, скапоцените камења најверојатно се резултат на кражба во Хрватска или Србија. Овој Србин е уапсен и наредено да биде испратен во затвор. Му биле одземени алатките и скапоцените камења, а во моментов се утврдува кога и каде точно се случила кражбата, како и за каков вид дијамант станува збор – пишува „Мајн бецирк“.

Што се однесува до возачот и сопатникот, тие рекоа дека не го познаваат Србинот кој бил со нив во возилото.

– Возачот и сопатникот изјавиле дека 52-годишникот го земале на автопат во Србија како автостопер и дека не го познаваат. Како дестинација ја спомена Австрија – пишува споменатиот портал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни