Цените на нафтата пораснаа во раната азиска трговија денеска поради континуираната неизвесност околу конфликтот на Блискиот Исток, откако паднаа за 5 долари оваа недела на најниско ниво од почетокот на октомври поради загриженоста за побарувачката, објави Ројтерс.
Брент, европскиот репер, порасна за 24 центи, или 0,3 отсто, на 74,49 долари за барел, додека американската лесна нафта во еден момент од сесијата беше пониска за 27 центи, или 0,4 отсто, на 70,85 долари за барел.
Цените на црното злато вчера паднаа за повеќе од 4 отсто, на речиси две недели најниско ниво поради послабите изгледи за побарувачката и по медиумските извештаи дека Израел нема да ги нападне иранските нуклеарни и нафтени постројки, намалувајќи ги стравувањата од прекин на снабдувањето.
Сепак, продолжуваат стравувањата од ескалација на конфликтот меѓу Израел и вооружената група Хезболах, поддржана од Иран, забележува Ројтерс.
Пазарот ги чека денешните податоци за залихите на сурова нафта во САД. Аналитичарите се обложуваат на зголемување од околу 1,8 милиони барели за неделата до 11 октомври.