Свет

Трамп го прекина предизборниот митинг, нарача песни и танцуваше

Трамп го прекина предизборниот митинг, нарача песни и танцуваше

Предизборниот митинг на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во предградието на Филаделфија спонтано се претвори во концерт, бидејќи поранешниот претседател престанал да одговара на прашања кога му било кажано дека две лица од публиката побарале медицинска помош и ја презеде улогата на диџеј.

Модератор на средбата била гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, забележала дека е премногу топло во салата, а Трамп потоа прашал дали работат клима уредите, пренесува Voice of America.

Кога митингот беше прекинат, Трамп побара да се пушти песната „Ave Maria“, а потоа предложи вечерта да заврши со публиката да остане на своите места и да ужива во неговиот избор на песни, наместо да го слуша како одговара на прашања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни