Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција за иницијативата за албанска Академија на науките и уметностите вели „теми коишто поларизираат или етнизираат не се теми коишто јас сакам да бидам соговорник“.
-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата и на академиците од различни етнички заедници е јасен дека во Македонија постои една академија на науките и уметностите. Јас не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации, повеќе би сакал да видам да се трошат за инфраструктурни проекти и за нови училишта, за нови градинки, за нови булевари, спортски објекти, паркови, да креираме услови оние млади коишто ја напуштија и албанци и македонци и останати нашата држава да се вратат назад и тоа се темите на коишто јас сакам да разговарам. Теми коишто поларизираат или етнизираат не се теми коишто јас сакам да бидам соговорник има претпоставувам дел од опозициските партии во парламентот коишто ќе го покачат или намалат својот рејтинг ако се разговара на оваа тема. Жалам што се одбираат вакви теми за политички пораки наместо она коешто го очекуваат од нас граѓаните, но ние како Влада и јас како претседател на Владата останувам посветен да работам за доброто на сите граѓани без разлика на етничката припадност, вели Мицкоски.