Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Свет

Сообраќајка во Англија: Пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Сообраќајка во Англија: Пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Пет лица, меѓу кои две деца, загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот М6 во северозападна Англија, кога се судрија два автомобили „Тојота“ и „Шкода“.

Несреќата се случила во вторник во 16:04 часот по локално време, на автопатот во северен правец, во областа Камбрија, соопшти денеска полицијата, пренесува Sky News.

Четири лица, маж, жена и две деца од Глазгов, кои патувале со Тојота, биле констатирани мртви на местото на настанот.

Во несреќата загинал и возачот на шкодата, маж од Кембриџшир. Полицијата во Камбрија соопшти дека третото дете од Тојотата било пренесено во болницата „Кралицата Викторија“ во Њукасл со сериозни повреди.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни