Свет

Русинка го оставила новороденчето на аеродром во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Русинка го оставила новороденчето на аеродром во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Русинка која го оставила своето новороденче во тоалетот на турскиот аеродром во Анталија и рекла на полицијата дека не знаела дека е бремена, пренесува турската новинска агенција DHA.

Против Русинка родена 2006 година е покрената кривична постапка поради напуштање на новороденче, а приведена е и нејзината мајка.

Здравјето на детето не е во опасност, објави руската новинска агенција РИА Новости. Девојчето имало намера да лета дома, пренесува index.hr.

„Не знаев дека сум бремена“

„Мајката на детето, Екатерина Бурназкина, во вторникот ѝ рекла на полицијата по добиената медицинска помош во болницата: „Не знаев дека сум бремена“, се вели во соопштението на руската амбасада.

Рускиот генерален конзулат презема чекори за подготовка на релевантни документи за детето, држејќи ја оваа ситуација под приоритетна контрола и во соработка со турската страна ги извршува конзуларните функции неопходни во вакви случаи, соопштија претходно од руската амбасада.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни