Македонија

Тројца загинати во несреќата кај Катланово

Тројца загинати во несреќата кај Катланово

Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово на автопатот Скопје – Велес, во која учествувало комбе. Според последните информации, три лица загинале, а пет други се повредени и префрлени во болница за медицинска помош.

На местото на несреќата е полиција која врши увид, а сообраќајот е блокиран и пренасочен преку Петровец – Велес (по стариот пат) и Миладиновци – Св. Николе – Велес – Штип.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни