Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Рјабков рече дека Русија е во постојан контакт со Иран, без разлика на нивото тензија во регионот на Блискиот Исток, објавија руските медиуми.
„Неколку пати предупредувавме и предупредуваме, дури и за хипотетичко разгледување на можноста за напад на нуклеарни постројки и нуклеарна инфраструктура“, изјави Рјабков, пишува Танјуг.
Израел најави, по ракетниот напад на Иран на 1 октомври, дека ќе возврати, вклучително и напади врз иранските нуклеарни централи.