Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека злото „претрпело тежок удар“, но предупреди дека задачата на Израел „не е завршена“.
Тој тврди дека Израел го исполнил ветувањето дека ќе го убие лидерот на Хамас.
„Денеска злото претрпе тежок удар, но задачата пред нас се уште не е завршена“, рече тој. Обраќајќи им се на семејствата на заложниците, тој рече дека ова е „важен момент во војната“.
„Ќе продолжиме со сите сили до враќањето во домовите на вашите најблиски“, најави тој и го нарече „најголема обврска“.
Тој, исто така, имаше порака до жителите на Газа во која се вели:
„Синвар ви го уништи животот. Ви рече дека е лав, а тој се криеше во мрак. И убиен е кога во паника бегаше од нашите војници“.