Русија ја тестира борбената готовност на единица опремена со балистички ракети „Јарс“ во Тверската област северозападно од Москва, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Како што е наведено, во рамките на вежбата ќе бидат елаборирани задачите за повлекување на мобилните копнени ракетни системи „Јарс“ на теренски позиции, пренесува Интерфакс.
Единицата ќе вежба поместување на ракети „Јарс“ на земја на оддалеченост до 100 километри, користејќи камуфлажа и заштита од воздушни напади и диверзантски групи, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за одбрана.