Свет

ВИДЕО Се појавија и снимки, терористичкиот напад во Турција го извршиле жена и маж

ВИДЕО Се појавија и снимки, терористичкиот напад во Турција го извршиле жена и маж

Најмалку пет лица загинаа, а 22 се повредени во терористички напад врз центарот на турската фабрика за авиони ТУСАС во близина на Анкара.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека се убиени двајца терористи, една жена и еден маж.

Турската телевизија објави снимка од вооружени лица кои влегуваат во седиштето на ТУСАС во Кахраманказан во близина на Анкара.

Турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз изјави дека меѓу загинатите има и еден таксист. Тој не зборуваше за детали.

Локалните медиуми претходно објавија дека таксито застанало пред зградата на ТУСАС во Анкара. Тој ги превезувал напаѓачите кои потоа активирале експлозив и почнале да пукаат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни