Свет

И наплатиле дополнителна услуга во хотелот, а кога дознала за што се работи останала шокирана

И наплатиле дополнителна услуга во хотелот, а кога дознала за што се работи останала шокирана

Откако нејзината приказна стана вирална, Харпер објави дека хотелот ја повлекол доплатата и и понудил бесплатен престој од две ноќи како извинување.

TikToker Џоселин Харпер била шокирана кога открила дека еден хотел во Лас Вегас и наплатил такса што тројно ја зголемила нејзината вкупна сметка. Харпер резервирала сместување во хотелот Вестгејт за 200 долари (185 евра) по вечер, но кога ја добила сметката забележала доплата од 566,90 долари (523,62 евра) за наводно пушење во собата, иако таа тврди дека не пуши.

Револтирана објавила видео во кое ги предупредува своите следбеници да избегнуваат да престојуваат во тој хотел, пишува Вечерњи лист.

„Не одете во Вестгејт. Барав едноставен, не прескап хотел и завршив со сметка со дополнителни 500 долари бидејќи наводно пушам, но не“, вели таа во видеото. Од првичните 200 долари, нејзината сметка скокна на 730 долари, вклучително и депозит од 113 долари.

@travelingwithjoce Absolute trash experience at the @Westgate Las Vegas #scammeralert #vegas #fraud ♬ original sound – Joce Travels

Според веб-страницата на хотелот, се работи за хотел за непушачи, со доплата за прекршоци. Но, Харпер тврди дека не била во нејзината соба во моментот кога детекторот за чад наводно се активирал. Таа исто така сподели критики од други корисници на TripAdvisor кои пријавиле слични ситуации.

Во разговор со менаџерот на хотелот и било кажано дека е докажано дека пушела во собата, а кога Харпер спомнала дека во тој момент не била присутна, менаџерот ветил дека ќе провери.

Тие и предложиле да го пријави спорот во својата банка како можна измама. Откако нејзината приказна стана вирална, Харпер објави дека хотелот ја повлекол доплатата и и понудил бесплатен престој од две ноќи како извинување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни