Свет

ДРАМА НАД СИДНЕЈ: Се судрија два мали авиони, има загинати

ДРАМА НАД СИДНЕЈ: Се судрија два мали авиони, има загинати

Тројца мажи загинаа во судир на два мали авиони над југозападниот дел на Сиднеј утринава, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во близина на паркот Белимбла кај Оукдаил.

Претходно денеска, хидроавион со пет лица се урна во Квинсленд, и сите беа спасени, објави каналот 7news.

Авионот се урнал во водите кај плажата Вајтхавен во Витсандејс, соопштија службите за итни случаи.

Две лица се здобиле со полесни повреди, а на ниту еден од повредените не му била потребна хоспитализација. Каналот дознал дека патниците патувале од Сиднеј.

Претходно оваа недела, млад пилот загина во авионска несреќа на околу 50 километри северозападно од Мелбурн.

20-годишникот, кој ја доби пилотската дозвола на почетокот на оваа година, неколку минути по полетувањето во вторникот изгуби контрола над својот авион Цесна 150, кој се урна во близина на аеродромот, а тој почина на лице место.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни