Свет

Во руски регион ќе продаваат алкохол само по 2 часа на ден поради застрашувачка стапка на смртност

Во руски регион ќе продаваат алкохол само по 2 часа на ден поради застрашувачка стапка на смртност

Руските пратеници во регионот Вологда, кој се наоѓа северно од Москва, предложија да се ограничи продажбата на алкохол на два часа дневно во работните денови, откако локалниот гувернер објави „застрашувачки“ биланс на загинати, објави Ројтерс.

Гувернерот на регионот Вологда, Георги Филимонов, рече дека 71 отсто од смртните случаи кај мажите на работоспособна возраст се поврзани со консумирање алкохол, вклучително и од болести како што се цироза и срцеви заболувања.

„За една година застапеноста на алкохолизмот е зголемена за 30 проценти. Сликата е страшна“, рече тој во 8-минутното видео обраќање објавено на неговиот канал Телеграм и го претстави предлог-законот како итна интервенција на јавното здравство.

„Не можеме да останеме рамнодушни кога умираат нашите сонародници“, истакна гувернерот, додавајќи: „Ако луѓето умираат, а умираат како во војна, кој ќе дојде на нивно место?

Предлог-законот, за кој расправаат локалните законодавци, ќе им овозможи на продавниците да продаваат алкохол само од 12 до 14 часот во работните денови, додека продажбата за време на викендите и празниците ќе остане непроменета. Доколку законот биде усвоен, ограничувањата ќе стапат на сила од 1 март следната година.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни