Свет

Блумберг: Трамп тврди дека има голема предност пред Харис

Блумберг: Трамп тврди дека има голема предност пред Харис

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп и неговите сојузници тврдат дека се на пат кон убедлива победа на претседателските избори на 5 ноември, „ако нема измама“, што е основа за можни правни оспорувања и сомнеж за резултатите доколку демократскиот кандидат победи на изборите, пишува денеска Блумберг.

Според американската агенција, претседателскиот штаб на Трамп ги поврзува анкетите и податоците за претходното гласање и на тој начин создава слика во која тој е на пат кон убедлива победа, додека во реалноста повеќето анкети покажуваат дека кандидатите се речиси изедначени, со мала предност за Трамп.

За време на митингот во Атланта, Трамп рече дека води во речиси секоја анкета, повикувајќи ги своите приврзаници да гласаат во толку голем број што ќе ја оневозможат секоја измама.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни