Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин со вклучување на севернокорејски војници во воените дејствија ја тестира реакцијата на Западот, а доколку таа реакција изостане, странскиот контингент на руска страна ќе се зголеми.
„Со севернокорејскиот контингент Путин ја тестира реакцијата на Западот, земјите од НАТО и Јужна Кореја. И верувам дека по сите овие реакции Путин ќе го зголеми контингентот“, рече Зеленски во интервју за јужнокорејскиот ТВ канал КБС, пренесува Укринформ.
Реакцијата на меѓународната заедница за вмешаноста на севернокорејската армија ја нарече „нула“.