Свет

НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО: Римската брана стара 2000 години успешно ги издржа поплавите во Шпанија!

НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО: Римската брана стара 2000 години успешно ги издржа поплавите во Шпанија!

Од час во час се зголемува бројот на жртви од поплавите во Шпанија. Според последните податоци, најмалку 158 лица загинале, а неуморните спасувачи се уште трагаат по исчезнатите.

На социјалните мрежи се шират бројни видеа од спасување, заробени луѓе во куќи, но и од поројниот дожд кој се шири низ градовите.

Меѓу многуте снимки е и една од мала општина во регионот на Арагон. Станува збор за браната Almonacid de la Cuba, која ги издржа насилните бранови на вода.

Инаку, браната датира од римско време, а е стара 2000 години. Се наоѓа на реката Агуасвивас и е висока 34 метри.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни