Ана Писонеро, портпаролка на Европската комисија, денеска нагласи дека процесот на проширување се заснова на заслуги и ги повика сите политички сили во таа земја да се обединат за да се спроведат уставните измени. Според неа, процесот на проширување се базира на заслуги и напредокот на партнерите.
„Процесот на проширување продолжува да биде процес заснован на заслуги и зависи од објективниот напредок постигнат од секој од партнерите“, рече Писонеро на брифинг со новинарите во Брисел, на прашањето дали Комисијата смета дека е можно повторно да се приклучи на преговорите на Северна Македонија и Албанија.
Таа, исто така, потсети на минатонеделната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Скопје, при што нагласи дека Комисијата има „многу јасна цел на повидок, а тоа е да отвори кластер за основите со Северна Македонија што е можно поскоро“.