Христијан Мицкоски обвини дека додека бил претседател на опозицијата, го следеле со дронови.
„Се креваа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови, односно со оперативни технички средства. Тоа нормално ли е?“, рече денеска Мицкоски од собраниската говорница.
На овие обвинувања одговори и СДСМ со поставување на фотографија на социјалните мрежи на својот профил.