Македонија

Ирфан Асани не се согласува со разрешувањето: „Не сум болен кариерист за да трчам од една во друга Управа“

Директорот на ЈП „Македонски железници – инфраструктура“, Ирфан Асани не се согласува со одлуката на Владата за негово разрешување. Меѓу 50 директори кои беа опфатени со метлата на премиерот Зоран Заев е и името Асани, но тој вели дека за неговото разрешување одлучува Управниот одбор на Претпријатието. Според него не постојат причини за негово отповикување.

Ирфан Асани е кадар на ДУИ, а неговата партија му понудила да раководи со Агенцијата за странски инвестиции. Асани за да го потврди ова, ни ги покажа и пораките кои ги разменил со Садула Дураки. Дураки му пишал да размисли за таа можност, а Асани му вратил „Оди ти таму, јас не“. Асани не ја прифатил оваа понуда бидејќи смета дека не е неопходно да премине од една функција на друга доколку не ја врши работата како што треба.

„Лично не сум болен кариерист, како што се голем број на лица кои што не знаат да завршат со мандатите што ги земаат еден по друг. И многу е едноставно, доколку не сум добар за да ја вршам една работа, не можам да бидам добар во друга работа. Сметам дека ова е измама која ќе се направи и за тие кои ќе одат таму и за другите кои прифаќаат да влезат во други комбинации“, вели Асани.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни