Македонија

АХВ спроведе вонредни инспекции во домови за стари лица: 14 невалидни оператори со храна

АХВ спроведе вонредни инспекции во домови за стари лица: 14 невалидни оператори со храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври, спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека од нив, 14 не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ.

Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај 4 оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори, утврдено е дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед.

Кај 5 оператори запленета и нештетно уништени се 40 килограми небезбедна храна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни