Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ вечерва се примени двете лица повредени во инцидентот во Арачиново.
За жал, едниот од повредените починал, додека второто лице е веднаш сместено на Одделот за интензивна нега, каде му е направена дијагностика и е планирана хируршка интервенција, потврдуваат од Ургентниот центар.
Според информациите, починатиот пациент имал 50 години, а вториот е млад човек од 19 години.
„Поради сериозноста на состојбата на 50-годишниот пациент, веднаш беше започната реанимација. На жалост, и покрај напорите на медицинскиот тим, тој почина,“ соопштуваат од Ургентниот центар.