Американските стратешки бомбардери Б-52 веќе пристигнаа на Блискиот Исток, соопшти Централната команда на САД.
Еден ден претходно, американското Министерство за одбрана објави дека дополнителни сили ќе бидат распоредени на Блискиот Исток, вклучувајќи разурнувачи, ловци и гореспоменатите бомбардери.
Во официјалното соопштение се наведува дека оваа мерка е преземена „во согласност со нашите обврски да ги заштитиме американските граѓани и сили на Блискиот исток, да го браниме Израел и да ја деескалираме ситуацијата преку одвраќање и дипломатија“.
-Министерот за одбрана Лојд Остин продолжува јасно да дава до знаење дека ако Иран, неговите партнери или неговите „посредници“ го користат овој момент за да го нападнат американскиот персонал или интересите во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за да го одбранат нашиот народ беше нагласено во соопштението на Пентагон.
Зајакнувањето на американските сили на Блискиот исток доаѓа во време кога се очекува Иран да изврши нов напад врз Израел, откако Тел Авив одговори на нападот, кој Техеран го нарече одмазда за убиството на високи функционери на Хамас, Хезболах, како како и генералот на иранската револуционерна гарда.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер им рече на новинарите дека администрацијата на Бајден „била многу јасна дека Иран не треба да реагира“ и дека „ќе продолжи да го поддржува Израел“ доколку има уште еден ирански напад.