Локалната полиција го затвори квартот Каугејт во Единбург, Шкотска, поради истрага за тешка сообраќајна несреќа, при што се појавија информации дека на местото на несреќата е пронајдена отсечена човечка глава и осакатено тело.
Полицијата наредила веднаш по несреќата да се затворат сите барови и клубови во близина, пренесува таблоидот „Сан“.
Полицијата постави два шатори на местото на несреќата, а сино-бела полициска лента е поставена во Улица Нидри каде има многу популарни пабови и ноќни клубови.