Свет

Се огласи Трамп: Заедно ќе победиме и повторно ќе ја направиме Америка одлична!

Се огласи Трамп: Заедно ќе победиме и повторно ќе ја направиме Америка одлична!

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се огласи на платформата „X“, упатувајќи силен апел до американските граѓани.

„Сега и официјално е ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ! Ова ќе биде најважниот ден во американската историја. Ентузијазмот на гласачите е огромен затоа што луѓето сакаат да ја направат Америка голема повторно. Тоа значи дека редовите ќе бидат долги! Треба да го дадете својот глас без разлика колку долго чекате ОСТАНЕТЕ ВО РЕДОТ. Радикалните комунистички демократи сакаат да се спакувате и да си одите дома. Заедно ќе победиме и повторно ќе ја направиме Америка одлична“, напиша Трамп на платформата X.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни