Републиканецот Доналд Трамп има сè поголема предност пред Камала Харис во обложувалницата „Полимаркет“, а како што одминува денот на изборите, неговата предност расте. Ситуацијата се менува од минута во минута, но во овој момент водството на Трамп надмина 60 проценти. Податоците се мерат во реално време, а кандидатите беа најблиску на 3 ноември, кога Трамп беше со 53 отсто, а Харис со 47 отсто.
Платформата за обложување Полимаркет е релативно сигурна кога станува збор за предвидување на изборните резултати. Раководството на платформата тврди дека таа добива единствена вредност со комбинирање на вести, анкети и експертски мислења.
Сепак, платформата не е имуна на пристрасност бидејќи големите инвеститори можат да ги разнишаат изгледите на пазарот, така што објективноста на предвидувањата е исто така сомнителна.
Наводно, со само четири идентични сметки, од почетокот на септември на победата на Трамп биле ставени околу 45 милиони долари. Зад сите нив стои лице од Франција, чие име е познато само – Мишел. На Американците не им оди во прилог да се обложуваат и странци кои немаат право на глас, објаснува N1.