Свет

ВИДЕО: Нови поплави во Шпанија, поројот носеше се пред себе

ВИДЕО: Нови поплави во Шпанија, поројот носеше се пред себе

Силното невреме што во четвртокот го погоди Кадакес, град во провинцијата Жирона во Каталонија, предизвика нова поплава.

Дождот беше толку силен што создаде порој кој носеше се пред себе, а моќта на поројот најдобро се изразува со тоа што носеше автомобили како да се направени од хартија.

Каталонската метеоролошка служба (Метеокат) посочи дека количината на дожд може да надмине 100 литри на метар квадратен.

„Силниот дожд остави шокантни слики во Кадакес. Водата се излеа по потокот на тој каталонски град со таква сила што однесе вкупно 32 автомобили“, објасни градоначалничката на општината, Пиа Серинјана.

Многу од овие возила беа заглавени на мостот пред градското казино.

Корисниците споделија застрашувачки видеа на социјалните мрежи на кои се гледа како силата на водата се спушта и однесува дел од автомобилите во областа, пишува Ла Вангуардиа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни