Македонија

Од што почина 5-годишното дете? – ДЗСИ најде недостатоци, ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето

Од што почина 5-годишното дете? – ДЗСИ најде недостатоци, ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) најави дека ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на петгодишно дете во Детската клиника во Скопје по констатирани недостатоци во работата на клиниката. Инспекторатот извршил вонреден инспекциски надзор на 8 ноември, по што се утврдени неправилности во воденето на медицинската документација и организацијата на работата, особено во делот на дежурствата.

Детето било првпат донесено на 3 октомври со симптоми на главоболка и температура. По неколку прегледи и хоспитализација, на 14 октомври се случил пад на сатурацијата и детето било пренесено на интензивна нега. На 5 ноември, детето починало, а како причина за смрт е наведена менингоенцефалитис, иако не е лабораториски потврдена.

Инспекторатот ќе издаде решение за нарушување на правилата и ќе побара од министерот за здравство стручен надзор врз лекувањето на детето. Обдукцијата не била извршена по барање на родителите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни