Миле Бошњаковски ја повлекува апликацијата за член на Советот на АВМУ. Тој ова предмалку го објави на друштвените мрежи.
Донесов одлука да ја повлечам мојата апликација за член на Совет на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Имајќи предвид дека целиот процес се одвиваше јавно, мојава одлука ја објавувам исто така како информација од јавен карактер. Во дадениов момент решив дека ќе дадам приоритет на други професионални обврски. На утрешната јавна расправа на Комисијата за избор и именување во Собранието најавувам дека нема да бидам присутен. Би сакал јавно да се заблагодарам на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, како и на Институт за комуникациски студии кои ми ја дадоа нивната поддршка за кандидатурата. На останатите кандидати им посакувам среќа!