Македонија

Магла на на планинските превои – предупредување за возачите!

Магла на на планинските превои – предупредување за возачите!

Од јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, утрово информираат за магла на два патни правци.

Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Плетвар и Ѓавато.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури, можна е појава на одрони. Еден таков има на 2 километри пред Делчево, каде што сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Да потсетиме дека од денеска започнува задолжителната обврска за поседување на зимска опрема.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни