Македонија

Мицкоски го предлага Панчевски за прв човек на новото СЈО

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во интервју за „Сител“ истакна дека неговата партија го предлага Владимир Панчевски за прв човек на новото СЈО.

За предлогот Вилма Рускоска да биде на чело на новото обвинителство, Мицковски вели дека тоа е исто како тие да предложат човек кој има репутација и кредибилитет и кој бил биран со години како најдобар во судската фела а, тоа е Владимир Панчевски.

На прашањето на новинарката дали тоа е нивни предлог, Мицковски одговара потврдно. – Зошто тој да не биде човекот кој ќе го води новото одделение или новото обвинителство?, вели Мицковски во интервјуто.

– Зошто да не се размислува за таа идеја? Зошто да не го избереме него, вели Мицковски.

Мицковски вели дека е дискутабилен кадарот со кој располага сегашното СЈО.

– Дел од обвинителите, вклучувајќи ја и главната обвинителка, гледаме дека се комплетно контаминирани со случајот „Рекет“. Според закон, тие не можат да се вратат во новоформираното обвинителство или одделение. Тие мора да се вратат во обвинителството од каде што дошле, оценува Мицковски.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни