Со доаѓањето на ноември и падот на температурите доаѓаат првите знаци на зимата кои стануваат се повеќе видливи во планинските области.
Па така, Стрежево, ски теренот сместен недалеку од Нижеполе, го доживува својот прв снег, што е вистински сигнал за започнување на зимската сезона и подготовките за скијање. Терените сега изгледаат како зимска бајка, прекриени со снежна покривка.
Во деновите од викендов и во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури. Нов влажен бран се очекува во среда кон крајот на денот.
Првите снегови на ски терените носат една посебна магија. Снежната покривка е основа за предстојната зимска сезона, а љубителите на зимските спортови веќе се подготвуваат да ги вратат скиите и сноубордовите.