Македонија

ВИДЕО: 1ТВ го емитуваше последното издание на вестите

1ТВ вечерва за последен пат емитуваше централно издание на дневникот, како што рекоа вечерашните презентери.

Случајот „Рекет“ како што беше речено влијаел врз работата на телевизијата. Новинарите и другите вработени од 1ТВ заминуваат на колективен, принуден одмор.

Сметката на телевизијата е блокирана.Како сопственик на телевизијата се претставуваше Боки 13 кој беше уапсен и осомничен за случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

ДНЕВНИК

Gepostet von 1tv.mk am Mittwoch, 24. Juli 2019

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни