Македонија

Граѓаните скенирале 4.5 милиони фискални сметки, Бектеши: Со проектот „Мој данок“ се бориме со сивата економија

Граѓаните до сега скенирале 4.5 милиони фискални сметки за поврат на 15% од данокот. Фискалната ја скенираше и министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши рече дека оваа мерка е преземена за борба против сивата економија и веќе како таква ги дала своите први резултати, односно голем број граѓани веќе ја користат.

ТВ21 ги праша гаѓаните колку тие ги скенираат своите фискални сметки, но повеќето од нив се уште не се добро информирани.

Инаку едно физичко лице на годишно ниво од државата може да врати до 7.200 денари со проектот Мое ДДВ, зависно од тоа колку потрошиле и колку фискални сметки скенирале.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни