Македонија

Пендаровски се сретна со бизнисмените: „Политиката да ги држи рацете подалеку од бизнисот“

Првиот човек на СКСЗМ, Неби Хоџа го нарече скандалозен случајот „Рекет“. Тој ги охрабрува сите бизнисмени кои евентуално се рекетирани, веднаш да алармираат и да го пријават случајот.

Стопанската комора на северозападна Македонија ја посети претседателот на државата, Стево Пендаровски. Тој рече дека случајот „Рекет“ е најдобар показател дека политиката треба да ги тргне рацете од бизнисот.

Инаку, случајот „Рекет“ беше откриен пред неколку дена, со што се приведени Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни