Македонија

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62 021 денари

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62 021 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2024 година изнесува 62.021 денари, додека со изнајмен стан од 60 м² достигнува 77.396 денари, информираат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Во споредба со октомври, кошницата е зголемена за 772 денари.

Од ССМ велат дека покачувањето на цените, особено на храна и пијалаци, ја оптоварува работничката класа и ја става под прашање општествената одговорност на трговците. Иако Владата воведе мерки за намалување на цените, трговците ги зголемиле цените по нивното истекување, со што вредноста на кошницата се зголемила за 609 денари.

Споредено со јануари 2024 година, кошницата за ноември е зголемена за 8,5%, а трошоците за храна и пијалаци за 7,9%. ССМ бара од Владата поголема ригорозност во надзорот на трговските практики и казни за нефер однесување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни