Македонија

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

На денешната седница, Судскиот совет ја коригираше ранг листата на кандидати за Апелациониот суд Битола по жалба од судијата Кирил Јовановски. При бодирањето се направила техничка грешка, што довело до намалување на неговите бода за 5, со што наместо 69,54, му биле доделени 54,54 бода.

Судскиот совет утврди дека Јовановски правилно приложил сертификат за познавање англиски јазик (ниво C1), за што требало да добие 15, а не 5 бода, како и дека за вкупниот стаж требало да добие 11,33, а не 11,04 бода. По корекцијата, Јовановски премина на трето место со 69,54 бода, зад Ристо Сотиров (71,9 бода) и Дејан Крастанов (69,59 бода). На четврто и петто место остануваат Александар Илиевски (66,96 бода) и Јасмина Шишковска Стојковиќ (63,05 бода).

Советот ја утврди и пензионирањето на судијката Верка Костовска од Основниот суд Тетово поради достигнување на старосната граница. Истовремено, беа донесени одлуки за престанок на функцијата судии поротници во неколку судови и беа избрани нови судии поротници во основните судови во Делчево, Крушево и Штип.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни