Македонија

Скопје во криза: СДСМ бара итна акција за надминување на хаосот

Скопје во криза: СДСМ бара итна акција за надминување на хаосот

Состојбата во Скопје е алармантна – улиците се гушат во смет, јавниот превоз е нефункционален, а граѓаните се оставени без основните услуги што ги заслужуваат. „Градот е во криза, и затоа побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје“, изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Тој упати апел до сите советници, независно од партиската припадност, да го поддржат барањето и седницата да се одржи што поскоро. „Ќе предложиме конкретни мерки кои, верувам, ќе добијат заедничка поддршка од сите советници за конечно да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните. Потребно е обединување во интерес на скопјани“, нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди дека доколку овој обид за заедничка акција биде опструиран, партијата ќе го преиспита своето учество во Советот. „Нема да бидеме параван за лошите политики кои го уништуваат нашиот град“, рече тој.

Филипче изрази надеж дека иницијативата ќе наиде на разбирање од страна на останатите партии и советници. „Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Со оваа иницијатива, СДСМ јасно покажува дека стои на страната на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со последиците од неработењето на градската администрација“, заклучи претседателот на СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни