Македонија

Се доставува нафта низ базите на ЈСП, од утре нормализација на јавниот превоз!

Се доставува нафта низ базите на ЈСП, од утре нормализација на јавниот превоз!

Нафтата од државните резерви се доставува до базите на ЈСП во Скопје и се очекува нормализација на автобускиот превоз од утре, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски.

„Според нашите информации, моментално се доставува нафтата до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров“, рече Стојановски.

Тој нагласи дека Влада со активирањето на резервите успешно го решава краткорочниот проблем со автобускиот превоз во следните седум дена. За тоа време, градот треба да спроведе јавна набавка за гориво.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни