Попладнево, Советот на Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата да обезбеди гориво за ЈСП за следните седум дена и ја поддржа соработката за продолжување на оваа мерка.
Советниците предложија поддршката да продолжи и во иднина и истакнаа потреба од понатамошни разговори. Како што изјави Трајко Славевски, Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија за стабилизирање на состојбите во градот.
Заклучокот беше усвоен со 29 гласа „за“, еден воздржан и без гласови против, а на седницата присуствуваа вкупно 33 советници.