Македонија

Ѓорѓиевски: Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓаните без отстапувања

Ѓорѓиевски: Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓаните без отстапувања

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, ја поздрави заложбата на Владата за решавање на проблемот со јавниот превоз во Скопје, но го критикуваше скопската градоначалничка Данела Арсовска за носење ад-хок, а не стратешки решенија. Во гостувањето на Канал 5, тој истакна дека е важно градоначалниците да имаат слух за потребите на граѓаните и да постои механизам за отповикување на градоначалници кои не ја исполнуваат својата должност.

„Градоначалникот не може да биде незаменлив. По четири години, ако не донесе резултати, граѓаните треба да имаат можност да реагираат“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека е време за поголема одговорност и дека граѓаните треба да бидат највисокиот суверен.

Како градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски се пофали со реализацијата на капитални проекти, како што е обезбедувањето на питка вода и канализација во Стаклара-Каменик, што беше прв пат по 50 години. Тој истакна дека пред него, за 30 години, градоначалниците не го сметале тоа за приоритет.

„Во 21 век, такви примери се сè уште присутни во многу делови на државата“, додаде Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека во Кисела Вода има висок степен на реализација на ветеното.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни