Македонија

Силен ветер низ Битола, ветерот достигна брзина од 60 км/ч

Силен ветер низ Битола, ветерот достигна брзина од 60 км/ч

Битола денеска продолжува да биде под влијание на силен ветер. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, до 14 часот ветерот достигна брзина од 60 км/ч.

Се очекува променлива облачност со врнежи од дожд попладне, кои повремено ќе бидат посилни. Во текот на денот ќе дува засилен југозападен ветер, кој во ноќта ќе се промени во северен, повремено засилен.

Утре, уште претпладне, се очекуваат услови за слаб снег во Битола, а на повисоките места околу градот ќе се формира снежна покривка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни