Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска на протестот пред Град Скопје упати неколку прашања до градоначалничката Данела Арсовска.
Тој побара објаснување зошто во Шуто Оризари и денеска нема автобуси, како и зошто, и покрај најавите за собирање на смет, ситуацијата на терен останува проблематична.
„Сте слушнале ли за зборот одговорност? Поднесете си одговорност за вашите не-дела и покажете политичка зрелост“, рече Дудуш.