Добавувачот на автомобилски делови и софтвер Бош (Bosch) планира да укине 5.500 работни места, а најмногу 3.800 само во Германија.
Намалувањето на работната сила е дел од „планот за прилагодување“, рече портпаролката на компанијата. Бројките се уште се само дел од нацрт-планот и допрва треба прецизно да се договорат со претставниците на вработените.
Бош вработува 134.000 луѓе во Германија. Поголемиот дел од работните места ќе бидат укинати во областа на софтверот како асистенти на возачи на компјутер и автономно возење.
Околу 3.700 работни места ќе бидат укинати во овој сектор до крајот на 2027 година, од кои приближно половина ќе бидат во Германија.
Причината за преструктуирањето во Бош е иста како и во Фолксваген и Форд – кризата во автомобилската индустрија, а особено слабата продажба на електрични возила.
Светскиот пазар годинава ќе стагнира, а опоравување не е на повидок ниту во следните неколку години. Така, послабата побарувачка ги остава добавувачите како Бош со скап вишок капацитет.